Lego Mindstorms е линија на програмирачки роботи/играчки, произведени од Lego Group. Доаѓа во кутија која содржи многу делови, сензори и кабли.Mindstorms потекнува од програмабилни сензор блокови кои се користат во линијата на едукативни играчки.
Оригиналната Mindstorm кутија содржи два мотори, два сензори за допир и еден сензор за светлина. NXT верзијата има три преносни мотори и по еден сензор за светлина, звук, и далечина. NXT 2.0 верзијата има по два сензори за светлина, звук и далечина.
Mindstorm опремата исто така е користена и за едукација. Проектот е од соработката со LEGO и MIT Media Labaratory. Верзијата која е наменета за образование е наречена “Lego Mindstorms за училиштата”, и доаѓа со софтвер за програмирање. Но сепак софтверот може да биде заменет и може да се користат и други програмски јазици како на пример Java или C . Eдинствената разлика помеѓу серијата за образование и серијата за потрошувачите е тоа што има уште еден сензор за светлина и повеќе опции за нагодување.