Лего коцки

Лего е линија играчки произведени од страна на Lego Group, приватна компанија со седиште во Булинд, Данска. Водечки производ на компанијата, Лего, се состои од  шарени пластични коцки и придружниот спектар на запчаници, мини човечиња и разни други делови. Лего коцките можат да се склопуваат и се поврзани на многу начини, за изградба на такви предмети како автомобили, згради, па дури и роботи. 
 Играчките беа првично дизајнирана во 1940 година во Данска и имаат постигнато меѓународна популарност , со широка субкултура која поддржува Лего филмови, игри, видео игри, конкурси, и четири Лего тематски забавни паркови.