Lego Mindstorms


Lego Mindstorms е линија на програмирачки роботи/играчки, произведени од Lego Group. Доаѓа во кутија која содржи многу делови, сензори и кабли.Mindstorms потекнува од програмабилни сензор блокови кои се користат во линијата на едукативни играчки.

Првата верзија од Lego Mindstorms излегла во малопродажба во 1998. Следната верзија била пуштена во малопродажба во 2006 под името Lego Mindstorms NXT. Најновата верзија, пуштена во продажба на 5 август 2009 е позната како Lego Mindstorms NXT 2.0. Хардверот и софтверот потекнува од Mindstorms Robotic, а главниот контролер e создаден од Media Lab. Првата визуелна програма, наречена LEGOsheets, била создадена на универзитетот во Колорадо во 1994.
Оригиналната Mindstorm кутија содржи два мотори, два сензори за допир и еден сензор за светлина. NXT верзијата има три преносни мотори и по еден сензор за светлина, звук, и далечина. NXT 2.0 верзијата има по два сензори за светлина, звук и далечина.

Mindstorm опремата исто така е користена и за едукација. Проектот е од соработката со LEGO и MIT Media Labaratory. Верзијата која е наменета за образование е наречена “Lego Mindstorms за училиштата”, и доаѓа со софтвер за програмирање. Но сепак софтверот може да биде заменет и може да се користат и други програмски јазици како на пример Java или C . Eдинствената разлика помеѓу серијата за образование и серијата за потрошувачите е тоа што има уште еден сензор за светлина и повеќе опции за нагодување.